Папата Франциско на Божик повика да се живее скромно

Папата Франциско ги повика римокатолиците кои денес го слават Божик да живеат поедноставно, помалку материјалистички живот и да го осудат длабокиот јаз меѓу богатите и сиромашните.



На шестиот Божик, Франциско (82) одржа свечена божикна миса пред околу 10.000 луѓе во базиликата Св. Петар.

Во во проповедта тој потсети дека Исус, кој дојде во свет во сиромаштија и во штала, треба да ги охрабри сите да размислуваат за вистинското значење на животот.

„Запрашајте се дали навистина ни требаат сите овие материјални работи и комплицирани рецепти за живот? Може ли да живееме без непотребното изобилство и да живееме поедноставен живот?” Рече Франциско.

Во Македонија централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, на која бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов им им го честиташе празникот Божик на католичките верници и ја прочита божикната порака.

На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Владата, Зоран Заев, со сопругите, вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерите за економски прашања и за европски прашања, Кочо Анѓушев и Бујар Османи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, политички партии, верски заедници…

Божиќ денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатија Грегоријанскиот календар.