Папата Франциск е настинат, нема коронавирус

Поглаварот на римокатоличката црква, кој веќе неколку дена по ред откажува да се појави во јавност поради настинка, не е заразен со коронавирус, објави италијанскиот весник „Ил Месаџеро“.
Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, немаше коментар.
Папата бил тестиран за коронавирус бидејќи неговата настинка не поминува и со денови, има треска и кашлица.



Пред неколку децении 83-годишниот папа имал операција со која му бил отстранет дел од белите дробови, јавува Ројтерс.