Папата Франциско откри дека размислува да го посети украинскиот главен град Киев, откако добил покана од украинските политички и верски власти.
По пристигнувањето на Малта, каде фокусот на неговата посета , меѓу другото, ќе биде и состојбата со мигрантите и бегалците, новинарите го прашале дали ќе ја разгледа поканата на украинските политички и верски власти, на што тој одговорил потврдно.
Претходно, папата Франциско во неколку наврати ја осуди руската инвазија на Украина, нарекувајќи ја срамна.
Иако Русите најави повлекување од Киев, патувањето на папата Франциск нема да биде без ризик.







