Папата Франциско пак ќе ја заобиколи Македонија

Папата Франциско може да ги посети Романија и Бугарија во почетокот на мај идната година објави БГНЕС цитирајќи странски извори.



Од римокатолишката архиепископија во Букурешт изјавија дека информациите не се официјално потврдена од Ватикан, но дека има „големи шанси“ посетата да се одржи во текот на наведениот период.

Франциско ќе биде втор папа кој ќе ја посети Романија по Јован Павле Втори, кој беше во земјата во 1999 година.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, при посетататна Ватикан годинава, го покани светиот отец да ја посети Бугарија и Балканот, без да наведе точен датум.

Во септември 2014 папата Франциско ја посети Албанија.

Во Ватикан секоја година, од 1960 година, се одржува традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“, со посета на државна делегација од Македонија која се поклонува на гробот на сесловенскиопт просветител во црквата „Св. Климент“, а поглаварот на МПЦ чиноначалствува со молебен на неговиот гроб.

Ниеден Папа до сегае ја посетил Македонија.