Дополнителна толкувачка изјава во врска со македонскиот јазик и државјанството, бара заменик министерката за цивилна заштита на Грција и претседателка на партијата НЕО, Катерина Папакоста.
„Сметаме дека е неопходно да постои толкувачка изјава веднаш по завршувањето на ревизијата на Уставот на соседната земја.
Поконкретно, толкувачката изјава што ја предлага НЕО, ќе одредува дека:
а) јазикот на соседната земја не се однесува на античкиот македонски јазик, туку ѝ припаѓа на групата словенски јазици.
б) Националноста се однесува на државјанството (citizenship), вели Папакоста во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА.
Таа додава дека со „чувство на национална одговорност”, нејзината партија го доставува предлогот до владата, народот и политичките партии, за „засекогаш да се реши големото национално прашање, со главен критериум, почитувањето на историјата и гарантирање на грчките национални интереси” вели Папакоста, пренесува дописничката на МИА од Атина.




