Пападопулу: Прво Западен Балкан па потоа Украина во Еу

Заменик-министерката за надворешни работи на Грција Александра Пападопулу, смета дека интеграцијата на Украина и Молдавија не може да биде на товар на земјите од Западен Балкан.



„За Грција европската интеграција на Балканот е црвена линија. Јасно е дека ја поддржуваме европската перспектива и на Украина и на Молдавија, за тоа не се покренува прашање, но не да биде на товар на Западен Балкан, кој може не го достигна посакуваното ниво на интеграција со неопходните реформи, но и покрај тоа се обидува веќе 20 години“ – истакна Пападопулу, која е поранешната грчка амбасадорка во Скопје, јави дописничката на МИА од Атина..

„Грција не може да прифати дека овие земји ќе останат назад, не може Европа да има црна дупка и ние не можеме да замижеме пред ова“, потенцираше заменичката на грчкото МНР.