Македонско национално малциство во Грција се бори и понатаму за основите права, за да може да се научи македонскиот јаик во школите и во местата каде се зборува, за да може да има здружение носеќи името “Македонско” без проблеми, за да можат во крај на криштата Македонците да се нарекуват како се чустуват без да се плашат, вели новинарот Јоргос Пападакис, член на централниот совет на “Виножито”партија на Македонците во Грција, во интервју за весникот „Илинден“-Тирана.
Таков процес не е ниту лесен ниту брг но сепак има мали чекори напред. Псобено охрабува фактот дека се повеќе млади Македонци се активни, ги барат нивните корени, се дружат , немат прерасуди, произзведуват култура и го водат процесот, вели Пападакис.
Новинарот потсетува дека постои политичката партија Виножито, имаме дом на Македонската култура кој што се бори за регистрација 30 години на назад и покрај одлуките на Европскиот суд за човечки права, Грција и понатаму не го регистриа. Има секаде во Егејска Македонија културни/фоклорни друштва, од Леринско па до Драмско, има невладини кој што го негуват јазикот сепак најголемиот проблем е ставот на Грција. Преспанскиот договор ништо практично не менуваше околу дневниот живот на Македонците и покрај ветувањета и очекувањата. Најголем приер дека ставот на Грција е непроменет околу Македонците е ова што се случува со Македонското здружение “Кирил и Методиј” во Долна Џумаја, Серско.
Здружението беше на почетокот регистриано од основниот суд во град Сер ама кога почнуваја ултрадесничарите и фашистите да протестират, таа регистрација му беше одземена. Вишиот суд во Солун ја одби жалбата на здружението, сега ке оди случајот во Врховен суд па сетне и до Европскиот суд оти очигледно судовите и понатаму не се независни и ја бранат грчката официална позиција дека нема Македонци во Грција. А знаете со е многу смешно и тажно во исто време? Дека дури и терминот “Автохтонски јазик” (допиа по грчки), кој што беше употребен од Кирил и Методиј за да се регистриат, им пречи на Грците. Дури и тоа не е прифатливо за нив, па се видите во какква состјба сме.
на прашање „дали има припаднци од закедонско национално малцинство во државни институции“, Пападакис со одговор:
Секако дека има, и во полиција, и во другите места. Но, тешко тие се изјаснуват како Македонци повекето молчат поради причините кој што ги споманв веке. Имавме и доста Македонци во парламент, дури и спикерот во едно време беше Македонец од Марово, Костурско. Но за жал и тие или молчат или се пројдени сосема во друга страна, како Гркомани и се обидуват да бидат по Грци од самите Грци, вели Пападакис.
„Најлошите времиња се сигурно поминати ама напредок доаѓа многу споро. Во нашата рака е да исчекориме побргу, нема за што да се плашиме повеке. Ние сме многу и официална Атинатоа го знае, се плаши од будењето на Македонскиот свест и се обидува на секој можен начин тоа да го спречи.
Не треба тоа Македонците да го дозволуват повеке, доста беа децени на терор, на молчењето, на негација. Сега се европски времиња, со почит на различноста во секое ниво. Заедн ке мораме да се бориме со другите граѓани на Грција да конечно на направиме Грција една модерна Европска земја, каде ке има Македонци, Турци, Власи идруги без наводници. Промената е само едно прашање на време.





