Папата Франциско во средата рече дека е потребно решение за две држави – Израел и Палестина – со цел да се стави крај на војните како што е сегашната и повика на посебен статус за Ерусалим, пренесе Ројтерс.
Во интервју за информативниот канал TG1 на италијанската државна телевизија РАИ, Францис исто така рече дека се надева оти би можело да се избегне регионална ескалација во конфликтот што започна кога милитантите на Хамас влегоа во Израел, убивајќи околу 1.400 Израелци, главно цивили, и земајќи околу 230 заложници.
Според него, двата народа треба да живеат во хармонија во две независни држави, Израел и Палестина, врз основа на Договорот од Осло од 1993 година.
Во 1993 година, израелскиот премиер Јицак Рабин и водачот на Палестинската ослободителна организација Јасер Арафат го потпишаа Договорот од Осло со кој се воспоставува ограничена палестинска автономија.
Папата Франциско посочи дека е исплашен од она што се случува на Блискиот Исток. Тој е загрижен за тоа како војната може да заврши. Според него, ескалацијата на непријателствата ќе ги одземе животите на стотици, ако не и илјадници невини луѓе.
Папата предупреди на нов бран на антисемитизам, од кој голем дел останува скриен.







