Професорот по микробиологија доктор Никола Пановски вели дека здравствениот сертификат во Македонија и светот нема никаква здравствена логика туку е начин луѓето присилно да се натераат да се вакцинираат.
„Ниедна мерка во светот со сертификат нема здравствена логика туку се тераат луѓет да се вакцинираат. Тоа е начин на присилна вакцинација во кој присилно натераниот ќе потпише дека не е присилно натеран, ќе потпише дека сам доброволно се вакцинирал. Ни производителот, ни државата не сносат последици за негативните ефекти, имаат документ дека сам доброволно се вакцинирал, никој не го натерал, потпишува“, вели Пановски за Инфомакс.
Комисијата за заразни болести донесе одлука за нови мерки, која ќе биде предложена до Владата на Република Македонија и кои предвидуваат сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или ќе приложат потврда за прележан Ковид 19, не постар од 45 дена или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат.
Во изјавата за Инфомакс, Др Пановски ги окарактеризираше новите мерки кои ги предлага Комисијата како луди.
„Ова е лудо. Лудите мерки не признаваат антитела. Јас ќе одам како сведок на суд да кажам дека тоа што го прават е лудост. Човек три пати дарувал крвна плазма признание има за тоа, но бидејќи не е вакциниран нема да може да оди на работа. А на пример вакцината може да му направи многу штета, има многу антитела, не му е потребна медицински. Светот побудале и ние сите луди мерки од светот ги прифаќаме, паметните не баш. Овие мерки не се ни уставни, ни законски и не можам да прифатам луѓе со висок број на антитела, прележани, дарители на крвна плазма кој спасуваат животи да не можат да одат на работа, да се тераат да се вакцинираат. Не се работи за антиваксери се работи за луѓе кои имаат имунитет, во цел свет имунитетот трае 9 месеци, 12 месеци, вели Пановски.






