„Уште едно срамно и подло манипулирање, лажење и подметнување кукавичко јајце на македонските граѓани и на целата македонска јавност“ претставува т.н. манифест, кој според јазикот кој издава наредби може да се толкува како акт на воспоставување на политичка диктатура во Собранието на Македонија.
Ова е оценка на македонскиот режисер и професор Наум Пановски по информацијата за документот донесен вчера од членките на владеачката коалиција.
„Собранието да ги усвои уставните измени за автоматско и безусловно одржување на втората Меѓувладина конференција за комплетирање на отворачката фаза на преговорите, без дополнителни одлуки од страна на земјите членки“, пишува во манифестот, цитира Пановски.
„Тоа е уште еден криминален обид да се дојде до промени во Уставот на Македонија со што ќе се вметнат бугарските окупатори, неонацисти и неосталинисти во него. Со вметнувањето на овие докажани рушители на Македонија, потпомогнати од домашната пета колона, ќе се отворат ширум портите, првин за федерализација, a потоа за поделба на Македонија, и на крајот ќе се доврши нејзиното целосно исчезнување. Не, на големобугарскиот неонацизам/неосталинизам и на големоалбанските балисти.
Македонците мора да кренат глава и да кажат НЕ на овој нов клин во интегритетот и целовитоста на нивната држава.
Ако сега не кажат кога ќе кажат?
Ако не го сторат тпоа денес, кога ќе го сторат тоа?“, прашува Пановски во објава на Фејсбук.






