Режисерот и публицист проф. Наум Пановски смета дека членовите на владата кои предводени од Ковачевски преговараат со Бугарија немаат право да го прават тоа во негово име како Македонец.
,,Ниту еден од овие активисти за човекови права со калашњиков нема морално право или легитимитет да ги брани македонските национални интереси, човековите права на Македонците, а уште помалку да преговара со кој било во име на Македонците” порачува режисерот.
,,НЕ ВО МОЕТО АНТИФАШИСТИЧКО ИМЕ!
Бугарија и нејзините влади од 1878 година до денес биле и остануваат репресивни фашистички/сталинистички креации кои шират само омраза и зло.
А марионетата во средината е уште помалку зрела и квалификувана за какви било преговори со наследниците на фашистичките окупатори, со криминалците и негаторите на Македонија, македонскиот јазик, македонскиот национален и културен идентитет.
И уште еднаш, јасно и гласно, запомнете:
НЕ ВО МОЕТО АНТИФАШИСТИЧКО ИМЕ.
НЕ ВО ИМЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ!”, пишува Пановски во врска со преговорите со Софија и најавите дека владата веќе има некаков договор со Бугарија.






