Во синоќешното гостување во „Топ тема“ на телевизија Телма, Д-р Никола Пановски рече дека науката била потисната при носење на мерките за заштита од корона вирусот.
-„Полицискиот час никако не требаше да се укинува, немаше потреба тој да се укине. Немаше логика ниту автобусите бесплатни за пензионерите да се пуштат. А тие луѓе во Комисијата за заразни болести се постручни и повеќе знаат, знаеја повеќе од мене дека бројот на заразени ќе расте, но тие излегоа на прес на 25 мај, како да имаа некоја наредба, ургенција така да постапат, а тоа мене како на доктор ми пречи“, рече Пановски.
Тој вели дека да бил член на Комисијата за заразни болести ќе си дал оставка уште на 25 мај.
„Секогаш во политиката е така, сакаат да стават луѓе што ќе ги слушаат. Стај си го тој ти врши работа те слуша, или луѓе што имаат некаков интерес“, оцерни Пановски.






