Пратеничката Ели Панова го стави под силен притисок државниот јавен обвинител Љубомир Јовески со низа прашања во Собранието.
На дебатата во комисијата за политички систем на која се говореше за извештајот на работата на Јавното обвинителство и гостин беше јавниот обвинител пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Панова на Јовески му постави низа прашања.
Меѓу прашањата Панова го спомена и писмото испратено од екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со кое таа на Јовески од затвор му наложи да ги преземе предметите на СЈО.
Панова меѓу другото го праша Јовески зошто во случајот 27 април главниот сведок на обвинителството Василевска Нинџа три пати го менувал исказот а нема никаква одговорност за обвинителката Русковска.
Јовески одговори на повеќето од прашањата и тврдеше дека како обвинител постојано работи според законот за јавно обвинителство но во првиот дел од одговорите не даде одговор што имало во писмото од Катица Јанева.
Во репликата Панова го праша Јовески и за прислушуваните материјали и посочи дека цели три години нема резултати за истрагата за прислушувањето на Јавното обвинителство.
И во вториот дел од одговорите Јовески не одговори на прашањето на Панова за контроверзните прашања и писмото од Катица Јанева кое беше испратено додека таа беше во притвор и не смееше да дава наредби или сугестии како да постапува ЈО со предметите.






