Паниката во власта се претвори во жестока црна кампања против Сиљановска

Измислени дуќани, мртви риби, гладни јагниња и низа други лаги и манипулации се појавија последните два дена откако на власта и стана јасно дека не може да го смени својот имиџ како апсолутен губитник во првиот круг од изборите.



Црната кампања кулминира во последните 24 часа откако Пендаровски загуби уште една дебата, шеста по ред по што власта преку тајни профили започна со ширење лаги за Сиљановска.

Црната кампања содржи лажни монтирани орли на фотографија на Сиљановска која треба да се прикаже како поддржувач на албанскиот национализам, летоци во кои на неа и се припишуваат низа лажни етикети за кои власта нема никаков аргумент и лажни афери за кои СДСМ не покажува никаков доказ.

Ваквата нервозна реакција на власта која на првиот круг од изборите загуби околу 200000 гласови, според извори и во власта и во опозицијата оваа тактика никогаш не била успешна но власта нема други аргументи и затоа го спушта нивото на кампањата за да ги разочара сите граѓани од сите политичари и партии.

Според досегашните искуства од предходните кампањи ваквите црни кампањи немале никогаш ефект особено ако како во овој случај ги користи владеачката партија која ја губи поддршката од гласачите.

Коалицијата СДСМ – ДУИ за само 28 месеци загуби на 190 илјади гласови што е непознат феномен во балканската и европската политика.