Македонскиот активист Гоце Панговски преку анализа на Преспанскиот договор открива дека македонската страна истиот веќе го прекршила односно дека го “минирала”.
“Имам едно „процедурално“ прашање за сите директно или индиректно вклучени во процесот Македонија и Македонците да се преименуваат и обезличат:
Самите си ја миниравте т.н. „спогодба“ со Грција?
Во Член 1, Став 4, Точка (д), таму сте запишале, цитирам:
„Втората страна (Македонија) во целост ќе ги усвои амандманите на Уставот ДО КРАЈОТ НА 2018 г.“
Во Член 20, Став 9, сте запишале, цитирам:
„Не се дозволени никакви измени на одредбите од член 1, став (3) и став (4) од оваа спогодба.“
Уставните измени со уцени, закани, и подмитувања се изгласани на 11 јануари, 2019 година”, вели Панговски според кого со прекршување на роковите и протоколите содржани во договорот истиот е веќе “миниран” од македонската страна.






