Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, на претстојниот дуел во Израел од квалификациите за Европско првенство ќе настапи со копачки на кои е аплицирано македонското државно знаме.
За 36-годишниот најдобар стрелец во историјата на националниот тим тоа ќе биде 104. настап во црвено-жолтиот дрес, во кој досега има постигнато 33 гола.
Во натпреварот што ќе се одигра задутре од 20:45 часот во Беер Шева домаќинот ќе влезе како втор во групата Г со 7 бода, а Македонија е претпоследна со 4.





