Пандев по срамот во Англија го означи најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал

По „седмицата“ сервирана од Англија на „Олд Трафорд“ за Македонија не запираат низата критики до челните луѓе на ФФМ и водечките лица на селекцијата – пишува Спортклуб.



Поранешниот македонски капитен и најдобар фудбалер кој некогаш сме го имале, Горан Пандев не можеше да го премолчи овој срам.

Пејачот Панчо од дуото ДНК напиша: „Овие четири лика кои се заштитени како бели мечки (од за нас непознати причини), се најголемото зло што се има случено на македонскиот фудбал“.

На тоа, Панчо го означи токму Пандев и побара потврда или пак негација ако греши во своето излегување, на што доби одговор:

„Најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал. Нема ни е на чест на сите“, напиша Пандев.

На фотографијата се претседателот Муамед Сејдини, селекторот Благоја Милевски, спортскиот директор на селекцијата Данчо Масев и членот на УО, Владимир Гашевски.