Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, кој влезе во игра од почетокот на второто полувреме, забележа по еден погодок и асистенција против Аталанта, од која Џенова загуби со 4:3 на свој терен во претпоследното коло од италијанската Серија А.



Капитенот на репрезентацијата на Македонија, кој го замени Матија Дестро, успешно го изведе пеналот во 67. минута, кога намали на 4:2, а шест минути пред крајот го проигра Елдор Шомуродов, кој стави точка на резултатот.

За 37-годишниот напаѓач на Џенова, која избори опстанок во претходното коло, ова беше седми гол и трета асистенција сезонава на првенствените натпревари.

Членот на „клубот 100“ во италијанската фудбалска елита досега има постигнато 101 погодок во Серија А.

Голот на Пандев е околу 3. минута од почетокот на видеото: