Навивачите на Џенова го избраа капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, за играч на сезоната во која тој беше еден од најзаслужните за изборениот опстанок во Серија А.
Во изборот на „Планета Џенова 1983“ за најдобриот македонски фудбалер гласале 5.024 фанови на Џенова. Антонио Санабрија доби 3.252 гласа, а Ласе Шоне 2.783.
На 34 првенствени натпревари сезонава 37-годишниот Пандев постигна девет гола, најмногу по сезоната 2007/2008 во која забележа 13 погодоци.
Од дебито во Серија А со Анкона во сезоната 2003/2004 зад името на струмичанецот стојат 92 гола на 435 средби.






