Пандев го „отвори“ Милан среде „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Горан Пандев го најави триумфот на Џенова на „Сан Сиро“ со водечкиот гол во 7. минута за гостите, кои славеа над Милан со 2:1 во 26. коло од Серија А за бегство од зоната за испаѓање.



За капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија ова е седми првенствен гол сезонава, вкупно 92. во најсилната конкуренција во Италија.

Натпреварот во Милано се одигра пред празни трибини поради мерките на Владата за справување со епидемијата од коронавирус.

https://twitter.com/i/status/1236656424635305988