Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека земјата „се затвора“ во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.



Од четврток, пабовите, рестораните, теретаните и религиозните објекти ќе бидат затворени, но училиштата и универзитетите ќе останат отворени. Џонсон ќе се обрати во парламентот утре, а гласањето на пратениците за предложените мерки за заштита од ковид-19 е закажано за среда.

Целта е сегашниот локдаун да помогне за Божик фамилиите да бидат заедно.

Австрија и Португалија, исто така, најавија нови рестрикции во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.