Претседателот Стево Пендаровски прифаќа да се замени формулацијата „20 проценти“ со терминот „албански јазик“ во Уставот и во изјава во Тетово денеска истакна дека тој прв би ја поддржал таквата идеја, јавува „Алсат“.
„Прв би поддржал, бидејќи мислам дека тоа е природна нормална работа. Зошто нечиј етнички идентитет, кој е јасен и неспорен за секого, би го криеле зад бројки?“, рече Пендаровски.
Претходно од владините лица пак, единствено министерот за правда Кренар Лога ја спомена ваквата можност кога веќе би се отворал Уставот, но партнерите од владејачката коалиција порачаа уставните измени да се задржат на внесот на заедниците – Бугарите, Хрватите, Срногорците…
Шефот на државата, исто така, кажа дека е подготвен да биде домаќин на лидерска средба за уставните измени, но, како што кажа, тој не може да натера никого на сила да разговара.







