По изјавите на бугарскиот технички министер за надворешни работи, Николај Милков и неговото тврдење дека во поранешна Југославија имало организирана, државна репресија кон луѓето кои се чувствувале како Бугари, претседателот Стево Пендаровски вели:



„Тој не ја познава историјата, бидејќи на Голи оток не се одело зашто некој бил Македонец или Бугарин, туку дали си за Тито или за Сталин“, вели Пендаровски во интервју во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“, кое во целост ќе се емитува утре.

Според Милков стотици Бугари, односно луѓе со наводна бугарска самосвест, завршиле на Голи Оток, споредено со 12-те момчиња убиени во македонското село Ваташа од страна на бугарскиот фашистички окупатор во 1943 година.

На обвинувањата на Милков дека македонскиот претседател ги прикривал политиките на државата за дискриминација на македонските Бугари, Пендаровски кусо одговора: „Дајте докази!“