Претседателот на државата Стево Пендаровски дека би сакал да види „луѓе од Брисел кои заедно со нас“ ќе го спроведуваат спроведен ветингот што се најавува откако преку објава на Фејсбук новата Амбасадорка на САД во земјава, најави дека доаѓа тим да гони корупција во земјава.
„Ние можеме да влеземе во тоа, но ако јас, ти, ние сите тука од оваа ситна корупција која ја споменува и амбасадорката и другите, ќе отидеш ќе оставиш шише виски на некого за да завршиш работа на шалтер, па до високата корипција кога станува збор за провизии и тендери, ако истите тие луѓе, а ние сме, тие сме луѓето кои живееме во Македонија, со ова однесување, со оваа култура и менталитет дека мора негде да се подмачка или да најдеш свој човек или некаков ситен или крупен рушвет да дадеш, каков ќе биде квалитетот на тој ветинг“, изјави синоќа претседателот на Стево Пендаровски во интервју за Алсат. ⬇⬇⬇
Тој додава дека доколку се оди на тој чекор, тогаш мора да биде под силен мониторинг на ЕУ и САД.
Од друга страна додава дека надворешни лица не може да гонат или да се мешаат во внатрешноста на државата, туку тимот од САД ќе собира само податоци.







