Панчевски: Секој може да објавува бомби ако не е службено лице што тајно снимало

Судијата Владимир Панчевски тврди дека според законот со кој се регулира, прислушувањето не се гони по службена должност ако не сте дел од служба која има можност за тајно снимање.



“Бомби може да си објавува секој само да не е службено лице што тајно снимало инаку навали народе ОЈО и ОЛИ ви се моли баш го боли службено не се гони! Само сниманиот може по приватна тужба ако сака сам да си гони…”, објаснува Панчевски по десетината новообјавени бомби за една недела.