„САД силно ја поддржуваат Северна Македонија во реализацијата на своите стратешки цели – полноправното членство во НАТО и отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Северна Македонија постави пример во решавањето на политичките прашања и отворањето на подобри перспективи за своите граѓани.
Криминалот и неговите протагонисти ќе бидат казнети без исклучок, неказнивоста во земја членка на НАТО со европска иднина, не е опција“, било речено на средбата на вицепремиерката и министер за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со специјалниот претставник на САД за Балканот, Метју Палмер, вчера на маргините на Бледскиот стратешки форум.
Палмер повтори дека правната држава мора да функционира, а времето на партиските игри и обиди да се избегне одговорноста е завршено. „Местото на Северна Македонија е во НАТО и ЕУ“, рече Палмер.





