Доколку Европската Унија не донесе датум за пристапни преговори во јуни, тоа ќе се случи во јули или октомври, изјави во интервју за Гласот на Америка Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија.
„Знам дека има одредени проблеми поврзани со времето на носење одлука во Бундестагот… Сепак, САД се надеваат и го поддржуваат Европскиот совет да ги отвори пристапните преговори“, рече тој.
Палмер вели дека имплементацијата на Договорот од Преспа е најголемо дипломатско остварување за Западен Балакн по Дејтон, и ќе зависи директно од зачленувањето во ЕУ.
Сепак, и покрај значајниот прогрес, Палмер потенцира дека државата има уште многу работа во спроведување на реформите, пренесува „Гласот на Америка“.





