Повеќе од милион Палестинци во северниот дел на Газа денеска се очекува да го испочитуваат рокот и да избегаат на југ, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел само што почнал да возвраќа на минатонеделните напади на Хамас во јужен Израел.



Израелската армија денеска тврдеше дека голем број палестински цивили се движат кон југ. „Видовме значително движење на палестински цивили на југ“, рече портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус на видео брифинг рано во саботата.

Израелската армија им порача на цивилите кои живеат во северниот дел на Појасот Газа да користат два патишта денес за да се упатат кон југ, изјави портпаролот.

Жителите на Газа треба да се упатат на југ помеѓу 10 и 16 часот по локално време.

Во соопштението објавено на арапски на социјалната мрежа „Х“, поранешен Твитер, портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Авичај Адраеи рече дека двете рути може да се користат без никакви пречки меѓу 10:00 и 16:00 часот по локално време.

На оние кои живеат во градот Газа им се советува да се преселат на југ од Беит Ханун до Кан Јунис, пред можна копнена офанзива од страна на израелската армија, пренесе Индекс.хр