Палчо сменет од претседател на „Десна“

Љупчо Палевски-Палчо е сменет од претседател на политичката партија „Десна“, а на сите други осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски кои воедно се се членови на партијата, им се замрзнати членството и функциите, објави ТВ Сител.



За претседател на партијата е избран Тони Алексовски, основач и член на Десна.

По повиците на премиерот Димитар Ковачевски и на министерот Оливер Спасовски партијата да биде дерегистрирана од партијата велат:

„Десна цврсто и решително продолжува по промакедонскиот курс, преку спроведување на редовните партиски активности, во прв ред борбата за зачувување на името и статусот на МПЦ – ОА, иницијативата за Референдум за раскинување на штетниот антимакедонски Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и подготовка за претседателските и парламентарните избори“.

Првоосомничениот за убиствоито на Вања и на Панче, Палевски, е во привремен затвор во Турција каде беше приведен во почетокот на декември додека, останатите осомничени добија нов 30-дневен притвор во Македонија.