Љупчо Палевски – Палчо и неговата градежна компанија УНА ЕНТЕРПРИСЕ ја граделе зградата во која живееше и е киднапирана 14 годишната Вања Ѓорчевска.



Грабната е откако се симнала по скали, пред да излезе надвор низ главната врата, па низ скали била симната во подрумските простории.

Според истражувањето на ТВ21 имотен лист за 20 метри квадратни во таа зграда поседува и осомничениот двократен убиец Палчо.

Во зградата не може да се влезе без некој да ви отклучи или доколку не поседувате клуч или токен со кој ќе може да ја отворите вратата.

Овој простор од надворешна страна е обезбеден и со безбедносна камера, но на истата нема детали бидејќи киднапирањето се случувало во внатрешноста.

Палчо имал клучеви од главната влезна врата и подрумските простории, бидејќи на поткровјето има уште еден простор со вкупна површина од 11 метри квадратни, објавува ТВ21.