Во поплавите предизвикани од невообичаено обилните монсунски дождови загинаа најмалку 549 луѓе во Пакистан, јавува Ројтерс.



Оддалечените заедници во сиромашната југозападна провинција Балучистан се меѓу најтешко погодените.

Владините агенции и војската поставија хуманитарни кампови во регионите погодени од поплавите и работеа на помош за преселување на семејствата и обезбедување храна и лекови.

Освен жртвите, поплавите оштетија повеќе од 46.000 куќи, соопшти денеска Националната управа за управување со катастрофи (NDMA).