Пакистан апелира за натамошна меѓународна помош по поплавите кои ја опустошуваат земјата.
Бројот на загинати од монсунските дождови достигна 1.033 – со 119 загинати во претходните 24 часа, соопшти Националната управа за управување со катастрофи.
САД, Обединетото Кралство, ОАЕ и други помагаат , но потребни се повеќе средства, велат властите.
Пакистанската влада прави се што може за да помогне, додаваат тие.
Зборувајќи за Би-Би-Си, претставникот на Министерството за внатрешни работи Салман Суфи рече дека земјата е очајна за меѓународна поддршка.
„Пакистан се бори со економски прашања, но сега, токму кога требаше да ги надминеме, се случи катастрофата од монсуните“, рече тој.







