Конечно презентиран сетот мерки за справување со енергетската и ценовната криза – наменет за граѓаните и стопанството, вреден 350 милиони евра. Но компаниите ќе мора почекаат до следната недела, за кога ќе конкретни мерки за нив. Како што соопшти премиерот Димитар Ковачевски, со овие пари, ќе им се помогне на ранливите категории граѓани, на училиштата и градинките, но и на малите и средни претпријатија.
– Никој нема да биде заборавен и оставен сам да се справува со кризата. Со новиов пакет од 350 милиони евра, предвидена е и значителна помош за пензионерите со најниски примања, кои може да очекуваат еднократна помош уште од ноемвриската пензија, ако Собранието го поддржи предлогот, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Дел од мерките ги опфаќаат социјално ранливите категории граѓани, невработените и пензионерите со ниски примања. Според планот, околу 42 илјади граѓани во наредните четири месеци ќе добиваат по 3 илјади денари.
И додека од Владата само најавуваат мерки, расте нервозата кај стопанството по бранот поскапувања, тргнувајќи од струјата, повисоки цени на храната, сиромаштија, и капак на се инфлацијата која ближи 20%. Дел од компаниите веќе ставија клуч на врата поради скапата струја, а ако помошта уште веднаш не стаса кај нив, ќе има и нови отпуштања. Станува збор за компаниите од металната индустрија, односно поранешна „Железарница“, сегашниот гигант „Макстил“, Металски завод „Тито“, „Раде Кончар“.
Дел од мерките ќе стапат на сила со одлука на Влада, но за дел од нив ќе треба да се преточат во законско решение кое се очекува идната недела да влезе во Собранието.
Инаку, стопанството веќе алармираше дека иако добар дел од компаниите се во опасност, сепак Владата нема да дозволи отпуштања на 350.000 работници. Од најголемата Стопанска комора рекоа дека без реални мерки – Македонија ќе остане без половина од вработените.






