По пауза од речиси една година денеска во Скопје повторно ќе се состанат членовите на билатералната македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања.
Средбата, десетта по ред, на Комисијата која е формирана со цел да се најде заеднички јазик за надминување на разликите на двете земји во однос на одредени историски случувања, се одржува во затегната атмосфера, откако Софија постави ново условување пред Скопје во однос евроинтеграцискиот процес.
Бугарија во меморандум до земјите-членки на ЕУ го негира македонскиот јазик и македонската нација, а тврдите бугарски позиции биле потврдени и на средбата минатата недела во Софија меѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Бујар Османи и Екатерина Захариева.
Бугарија бара Македонија да признае дека македонскиотиденттет постои од 1945-та година.
Македонскиот државен врв во континутет потенцира дека јазикот и националната припадност, односно идентитетските прашања се нешто што не смее да се оспорува во 21. век.





