Денешното рочиште за случајот „Монструм“ одново беше одложено и презакажано за 22 август.
Причина овој пат беше отсуството на судијата Осман Шабани кој од вчера попладне е на боледување.
Поради недостиг од технички услови за сослушување на заштитниот сведок, беше одложено и рочиштетпо на 5 јули.
Предметот „Монструм“ е отворен за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година (Велигден), кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, а во првичната постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.





