Пак го менуваат името, по Северна на ред е Горна Македонија (ФОТО)

Три години откако македонската влада потпиша договор за промена на уставното имет во Преспа сеуште Македонија на различни платформи се нарекува со различни имиња.



Не нарекуваат и Северна, и само Македонија, и фиром и Скопје а од неодамна и Горна Македонија.

Италијанската компанија Фонти ди Кродо која ја произведува најпопуларната италијанска лимонада официјално го користи името Горна Македонија на своите производи.

Дали се работи за провокација или незнаење треба да утврди пазарниот инспекторат и институциите кои се задолжени за проверка на производите при увоз во Македонија.

Мини скандалот го откри професорот Жидас Даскаловски.