Пак ли не мафтаат и не сметаат за малоумни се двете критични прашања кои ги поставува сопственичката и директорка на Ултра Анета Пешева која е и почесната конзулка на Канада во земјава, за најновата владина фалба за странска инвестиција.
На Пешева која има огромно искуство во бизнисот не и се јасни повеќе елементи на новата инвестиција која вчера ја промовираше владата.
,,Може некој да ми објасни што работи таа фирма ЕМАПТА, што ќе ја финансираме?
Или пак не мафтаат?
Кажаа странски збор, кој повеќето од жителите на Македонија не го разбираат, а и јас не го разбрав.
“Outsourcing”, за што, за која дејност.
Доста веќе да не имате за малоумни”, пишува Пешева која бара да се проверат сите таканаречени “Странски инвестиции”, колку пари сме вложиле во нив и колку тие инвестирале во државава.
,,Повеќето кои ги познавам дури беа на државни субвенции, за без плаќање комуналии, кирии, струја, вода и придонеси за вработените функционираа. Кога ќе им помине “инвестицискиот период”, од наши пари си ги собираат парталите, или се продаваат и си одат.
Проста е математиката да се провери.
Колку е тоа “инвестиција”, колку пари нашата држава им платила како неповратни средства и колку ги ослободила од основните даноци.
На крај освен бројката дека извезуваат нека проверат колку од добивките останале во Македонија. Ние, македонски компании ќе плаќаме се, а тие ќе ни раскажуваат приказни.
Брука‼️”, пишува искусната бизнисменка и сопственичка на успешната компанија УЛТРА која отвара дилеми за инвестицијата која е најавена од владата на пет месеци пред избори.





