Во наредниот период Министерството за правда ќе поднесе нови барања за екстрадиција на Никола Груевски.
За Никола Груевски досега е испратено едно барање за екстрадиција од ноември 2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од јуни 2019 година.
Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 5.8.2019 година со образложение дека на Никола Груевски му е даден азил и согласно нивниот закон лицето не може да биде предадено на државата од која избегал.







