Салата „Борис Трајковски“ повторно ќе биде отворена за вакцинација од среда, најдоцна четврток, најави министерот за здравство Венко Филипче да да се намали притисокот врз вакциналните пунктови по здравствени домови.
Според министерот, во изминативе две недели има турканици и се вакцинираат по над 10 илјади граѓани дневно.
„Имајќи го предвид големиот притисок, во среда, најкасно четврток ќе се отвори повторн салата ‘Борис Трајковски’, за што дел од вработени во Здравствен дом, кои беа на годишни одори ги прекинаа порано за да дојдат и да ја стават салата во функција…. Верувам дека тоа ќе ги растовари гужвите кои ги имаме пред здравствените домови“, изјави Филипче на денешната прес-конференција пред Министерството за здравство.






