Со откажување на денешниот закажан настан на кој кандидатот за амбасадор во НАТО Дане Талески требаше да ги брани дипломатските тези продолжува несериозност однос на владата на СДСМ и ДУИ кон северноатланската алијанса.
Иако владата го користи НАТО и извесното членство како свој главен адут за предвремените избори не запира со скандалозни чекори, пропусти и афери кои земјава ја прават несериозен партнер на најмоќната светска воена организација.
Одбраната на тезите на амбасадорот во главната мултилатерална дестинација за земјава е откажана без никакво образложение од страна на МНР а доаѓа еден ден откако Македонскиот дипломатски синдикат побара увид во процедурите и протоколите за упатување на дипломати во странство.
Според законот Талевски кој беше советник за надворешна политика на екс премиерот Заев најпрвин треба да ги брани тезите пред стручен колегиум во МНР а потоа и пред собраниската Комисија за надворешна политика.
Извори во МНР велат дека постојат повеќе причини за откажувањето на одбраната на тезите на Талевски.
Едната е дека тој се уште нема добиено безбедносен сертификат, а втората е дека владата и МНР премногу доцна ја почнале процедурата за негово испраќање во седиштето на НАТО.
Во врска со безбедносниот сертификат само за македонскиот “ветинг” во најкратоките рокови се потребни три месеци. Дури потоа следува сертификатот од НАТО и тоа по темелна процедура која може да трае со месеци.
Најцрно сценарио е службите на НАТО да утврдат дека Талески имал блиски контакти со претставници на други за НАТО “непријателски служби” по што не се исклучува дека тој може да биде неформално одбиен како амбасадор во алијансата иако во мултилатералните организации не функционира институтот “агреман” кој важи за земјите домаќини.
Трета опција за откажување на тезите на Талески е можноста меѓу владата што ја раководат Заев и Спасовски и министерот за надворешни работи Димитров да има непремостливи прашања кои би се прекршиле на амбасадорот во НАТО.
Последната можна причина за откажувањето на тезите на Талевски е прекршената процедура согласно Законот за надворешни работи на која укажуваат членови на Македонскиот дипломатски синдикат.
Која и да е од погоре наведените причини се работи за уште еден македонски дипломатски шамар кон стратешката цел на земјава.
Откако предходно повеќе од 15 месеци (од кои 8 месеци со апсолутна власт претседател и премиер од иста партија СДСМ) владата не успеа да избере и испрати амбасадор во Брисел.
Во меѓувреме во седиштето на НАТО не претставуваат различни дипломати од понизок ранг, некои од нив експерти за човекови права без никакво искуство со воената алијанса што освен како навреда може да симболизира и недоветност да се седи на иста маса со најмоќната воена сила на земјата.





