Откако на Божиќ објави видео кое беше вештачко и скапо премиерот Ковачевски и за Велигден објавил скапо, лошо и иритирачко видео во кое го употребува својот син за политичка пропаганда.
Во видеото кое е наменето за Велигден Ковачевски со синот разговараат теми кои се од интерес за нивното семејство.
Премиерот и синот во видеото во кое по логика треба да се зборува за воскресението на Исус двајцата актери зборуваат за Зелена енергија во која со владина одлука за 70 денари квадрат државно земјиште инвестира сопругата на Ковачевски, бизнисменката Елена.
Пред неколку недели беше откриено дека за пропаганда на социјалните мрежи Ковачевски троши по 8000 евра месечно.
Реакциите на социјалните мрежи би натерале многумина разумни да го повлечат видеото но Ковачевски го чува објавено.
Велигден е време на обнова и надеж. Време кога заедништво и грижата еден за друг ни дава сила да се справиме со сите предизвици.
Во овие Велигденски празнични денови вам и на вашите семејства ви посакувам многу здравје и спокој. Нека ни е честит Велигден! Да сте живи и здрави! pic.twitter.com/Bp3FxikS2h— Dimitar Kovachevski (@DKovachevski) April 14, 2023
Предходно за Божиќ направи сличен гаф
Премиерот го прекршил законот или за Бадник правел планирана политичка пропаганда со деца (ВИДЕО)






