Дванаесет училишта во Скопје и едно во Прилеп, претпладнево по електронски пат, добија дојави за, наводно, поставени експлозивни направи.
Полициски службеници веднаш излегоа на терен, преземени се мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки за расчистување на случаите.
– Денеска до 10 часот е пријавено дека на електронските адреси на 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа.Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – изјавија од МВР.
Учениците и наставниците се евакуирани, а екипи на антитерористичките единици на МВР ќе извршат контрола врз објектите.
Ова е трет пат оваа недела за дојава за поставени експлозивни направи во училиштата, но исто така имаше и во повеќе институции, трговски центри, јавни установи, дури и резиденцијата на претседателот Пендаровски, кои по извршувањето на контролата беше констатирано дека сите се лажни.






