И денеска е затворена улицата кај Собранието поради собир на помала група
Граѓани кои протестираат против промена на името и договорот со Грција и утрово ја блокираа улицата пред парлементот.
Десетина луѓе поставија тенди и столови на улицата со што го блокираа сообраќајот.
Тие неколку месеци со шатори протестираат против промена на името во тревникот спроти Собрание, поточно во Жена-парк, а денеска, како и вчера, повторно одлучија да ги наместат тендите среде улицаж, јавува Макфакс.





