Пак 17 починати, нови 336 случаи на корона

Последните 24 часа во Македонија се обележани со нови 336 заболени од коронавирусот, а 17 починати, јавуваат од Министерството за здравствто.



Од нив, 169, се во Скопје, по 21 новозаболен има во Велес и Струмица, а Куманово со 17 нови случаи. Скопје  и Куманово се на врвот на списокот на починати со по 5 случаи, две лица починале во Охрид и по едно во Штип, Велес, Ресен, Радовиш и Валандово. Можеби ќе ве интересира

Новите 336 заболени граѓани се регистрирани од 3.425 тестирања во изминатиот ден, што значи, дека приближно секој десетти човек кој се тестирал бил позититен на ковид-19.

Оздравеле 222 пациенти.