Пајазити: „Одговорност и казна поради ужасната трагедија во Тетово!“

„Некој мора да понесе одговорност и да биде казнет, поради ужасната трагедија во Тетово во така наречениот ‘ковид – центар’, проект, што го реализираше Кочо Анѓушев, поранешниот потпретседател во Владата на Заев“ – напиша новинарот Насер Пајазити на својот фејсбук – профил. Објавата во целост ја пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА.

„Ковид – центарот уште од своето отворање имаше проблеми и расправи дека не бил функционален.
Платени се 3,6 милиони евра од државниот буџет, преку заем од Светската банка, за 17 таканаречени ‘ковид – центри низ Македонија, меѓу кои и овој што се пеплоса во Тетово.
Тендерот го имаше добиено поранешниот потпретседател на Владата за економски прашања Кочо Анѓушев, кој беше дел на Владата на Заев.
Проектот беше реализиран заедно со друга компанија ‘Ари и Том’ од Валандово.
Некој треба да понесе одговорност и да биде казнет за оваа тешка и ужасна трагедија.“ – пренесе ИНА.

Извор: https://ina-online.net/pergjegjesi-dhe-denime-per-tragjedine-trishtuese-ne-tetove/