„Со застојот на проширувањето на ЕУ во регионот на Балканот руското влијание во Македонија се зголеми многу. Но, силен удар на плановите и политиките на Русија за дестабилизација на Македонија и за нејзино отстранување од европската агенда им беше зададен на 27 април, кога беше обелоденета директната интервенција на Русија и Србија во елиминацијата на политичарите, кои се стремеа кон евроатлантскиот курс и кои го одржуваа тој курс.“ – вели Мухамер Пајазити од Македонија, професор по европски интеграции на универзитетскиот ИСПЕ колеџ во Косово, во својата колумна со наслов „Како Русите го пикаа носот во Македонија“, која информативната агенција на албански јазик ИНА ја објави повторно денес. Таа колумна првпат беше пласирана во јавноста на 9.мај 2021 година.
Пајазити напиша: „Со застојот на проширувањето на ЕУ во регионот на Балканот руското влијание во Македонија се зголеми многу. Во времето на премиерот Груевски Владимир Путин формираше неколку руски центри во Македонија преку фондацијата ‘Руски мир’, која самиот ја формираше со декрет. Првичната мисија беше ширење на руската култура, јазик и вредности како и зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји.“
„Претходниот режим во Македонија вложи многу во зголемувањето на своето политичко и економско влијание. Тоа беше постигнато со контрадикторни изјави и политики и со отворено напаѓање на претставниците на ЕУ и САД во Скопје. На економски план имаше фаворизирање руски компании за инвестирање во Македонија. Ова е реализирано директно, или преку фирми регистрирани во трети земји, азиски и европски.“
„Со падот на владата на Груевски беа разоткриени плановите на Русија во Македонија. Силен удар на овие политики им беше зададен на 27 април, кога беше обелоденета директната интервенција на Русија и Србија во елиминацијата на политичарите, кои се стремеа кон евроатлантскиот курс и кои го одржуваа тој курс. Другиот удар беше членството на земјата во НАТО.“
„Но, мора да се признае дека се уште постои опасен елемент, кој продолжува да ги поддржува руските политики за дестабилизација на Македонија и за нејзино отстранување од европската агенда. На ваквата состојба во голема мера им помогнаа многу македонски, но и албански политичари, кои не успеаја да ги спроведат реформите за членство во европското семејство. Се гледа и симпатија кај еден дел на македонските граѓани за Русија и политиките на Путин.“ – наведе Мухамер Пајазити во завршниот дел на оваа негова преобјавена колумна.
Home Македонија Пајазити: „На 27.април Русија интервенираше за елиминација на про ЕУ-НАТО политичарите –...





