Пајазити: Којзнае кога ќе има датум! – Ковачевски, привремен премиер на Македонија, парламентарни во 2022


„Нема датум ниту во јануари, ниту напролет, а под знак прашалник е дали и на лето! – Македонија оди кон предвремени парламентарни избори во 2022 година.“ – вели Насер Пајазити, одговорниот уредник на информативната агенција на албански јазик ИНА во својата колумна.



Пајазити пишува: „Датумот за Македонија како прашање во Бугарија воопшто што не е приоритет, наспроти манипулирањата на овдешната јавност со вести, кои создаваат надеж, како и со купување време.“

„Прашање на времето е кој влегува и кој излегува од Владата. А дали Алтернатива има друга алтернатива?!“

„Како штотуку избран лидер на СДСМ Ковачевски при добивањето на мандатот за создавање на Владата ќе ги разгледа, или ќе ги оспори спогодбите и позициите на партиите од коалицијата. Тој има право да ги поништи, или да ги одбие спогодбите и пазарењата на Заев. Оваа дебата веќе ја има во шушкањата во СДСМ, по многуте незадоволства.“

„Ковачевски може да биде привремен премиер… Сето ова ја води Македонија кон предвремени парламентарни избори во текот на 2022 година.“ – заклучува Пајазити во својата колумна.