„Предвремените парламентарни избори се изгледа неодбежни. Лидерите на Алијансата за Албанците Зијадин Села и на Движењето Беса Билал Касами треба да развијат заедничка стратегија, ако сакаат да ја победат ДУИ, која 20 години ја држи власта.“ – вели Насер Пајазити, новинар и извршен уредник во информативната агенција на албански јазик ИНА, во својата колумна со наслов „Септември наближува – ќе се обединат ли Села и Касами?“
Пајазити пишува: „Септември и октомври оваа година наближуваат и изгледа ќе се случи сличното сценарио на сондажите, на политичките блефови и трикови во с.Македонија. Сега преовладуваат меѓуалбанската нетрпеливост и разделеност, особено во ‘против-ДУИ’-спектарот‘, кои постојано се одржуваат во нелогичен судир.“
„Зошто лидерите на Алијансата за Албанците Зијадин Села и на Движењето Беса Билал Касами не го афирмираат духот на обединувањето против ДУИ, која 20 години ја држи власта во свои раце? Тие сега треба своето опозионерство да го поврзат со дејствувањето на политичарите и активистите од граѓанското општество.“
„За да се дојде до промени, решавачки се и еден, или десет, или сто гласови, никој да не биде потценет. Ако Села и Касами целат да ја победат ДУИ, тогаш треба да се отфрлат какви било пазарења или калкулации и ќе биде потребна заедничка стратегија со кандидати, кои и да бидат тие, било од граѓанското општество, или други истакнати личности.“
„Време е Села и Касами да размислуваат со ‘студени глави’, бидејќи септември и октомври се блиску, а предвремените парламентарни избори се изгледа неодбежни.“





