Не може лице на такво високо ниво да биде поврзано со недозволени активности, изјави денеска премиерот Зоран Заев околу разрешувањето на советникот Шпат Касапи од кабинетот на вицепремиерот Артан Груби.
„На работен состанок, првиот заменик претседател на Владата ме информираше директно мене. Недозволиво е употреба на дрога кај советник во кабинет на највисоко ниво. Веднаш презеде дејствија уште денеска да го разреши поради таа одговорност. Ме информираше на редовниот состанок утрово после седница на штабот, кај 10 часот, имавме состанок и тој вчера разбрал од медиумите“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање.





