Шпанија претпладнево накратко го затвори воздушниот простор над нејзиниот североисточен регион Каталонија и три други региони поради очекуваното прелетување на остатоци од кинеска ракета, јавува Ројтерс.
Long March 5B (CZ-5B) 5Б (CZ-5B), најмоќната кинеска ракета, беше лансирана на 31 октомври од јужна Кина за да го испорача последниот модул до кинеската вселенска станица која моментално се гради.
Како што гравитацијата ја повлекува ракетата назад кон Земјата, поголемиот дел од остатоците нсе очекува да изгорат при повторното влегување во атмосферата.
Сепак, постои загриженост дека деловиу од ракетата со тежина од 23 тони ќе стигнат до земјината површина.
Канцеларијата за вселенски надзор и следење на Европската унија соопшти дека остатоците најверојатно повторно ќе влезат во атмосферата на Земјата во средината на Атлантскиот Океан и ќе слетаат во морето.
Сепак, таа предупреди дека северна Шпанија и Португалија, како и јужна Италија, исто така спаѓаат во потенцијалната траекторија на ракетата.
Статистичката веројатност за влијание на теренот во населените места е мала, уверуваат од службата. „Сепак, овие предвидувања се неизвесни и подобра проценка ќе биде можна само кратко пред повторното влегување“.
Ова беше четврти лет на ракетата Long March 5B од нејзиното прво лансирање во мај 2020 година.
Фрагменти од ракетата потоа паднале на територијата на Брегот на Слоновата Коска и оштетиле неколку згради во западноафриканската земја.
Остатоците од вториот лет на проектилот паднале во Индискиот Океан, а остатоците од третиот – во морето Сулу кај Филипините.







